(ФОТО) Адријана Лима како победничка: Таа го има убедливо најдобриот стајлинг

(ФОТО) Адријана Лима како победничка: Таа го има убедливо најдобриот стајлинг

Објавена во: Stars // Музика

Покрај целото дефиле од млади пејачи кои се прошетаа на црвениот тепих за време на доделувањето на „MTV“ музичките награди во Њу Џерси, најмногу се истакна преубавата Бразилка.


Адријана Лима се појави во темно зелено издание што максимално и го истакна нејзиниот тен и магичната сина боја на очите.

Облеката што ја носи преубавата Адријана е потпишана од младиот њујоршки дизајнер Сали Лапоинт, накитот како и обично е од „Чопард“, а сандали на „Кристијан Лобутин“.


Практично сите ѕвезди што се појавија на црвениот тепих се решија за екстравагантен изглед, при што акцентот им беше на претерување, а целокупниот впечаток за некои беше крајно шокантен.


Адријана играше безбедно со екстравагантноста - колку помалку, толку повеќе.

Тоа е најголемата модна вистина.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: