(ФОТО) Ариана Гранде и баба ѝ направија заеднички тетоважи!

(ФОТО) Ариана Гранде и баба ѝ направија заеднички тетоважи!

Објавена во: Stars // Музика

Додека другите баби печат колачи, бабатa на Ариана Гранде се тетовира и тоа за прв пат во животот!

Минатата недела Ариана беше прогласена за Жена на годината според Билборд, а оваа огромна чест мораше да биде одбележана засекогаш. Пејачката е позната по своите бројни тетоважи кои во последно време почна да ги прекрива една со друга, па не ни чудо што токму вака одлучи да го овековечи својот успех.

Во студиото за тетовирање овојпат пејачката не се упати сама туку со себе ја поведе и својата 93 – годишна баба Марџори Нина Гранде.

Марџори, на обожавателите на Ариана им е позната како Нона, а за своја прва тетоважа одлучи да го истетовира зборот Ciccio, што всушнот е прекарот на нејзиниот починат сопруг Франк.

Пејачката на социјалните мрежи прикачи кратко видео од Тату студиото во кое се слуша како вели: “Нона како си?”, А брат ѝ довикува: “Нона си прави тетоважа”!

Аријана пак за да го прослави својот успех на раката истетовира месечина и неколку ѕвезди.

Фото: Твитер, Инстаграм


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: