(ФОТО) Бебе Реџа јаде македонски ајвар: Американската пејачка ги почитува своите корени
Пејачката и текстописец Бебе Реџа веќе долго време е во светската музичка индустрија.
Светски познатата ѕвезда е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Дебар кои емигрирале во САД во текот на 80-тите години од минатиот век. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.
Она кое привлече особено внимание на нејзниот профил на Инстаграм е фотографијата на која Бебе покажува тегла на која јасно пишува дека е македонски ајвар.
Полупразната тегла со ајвар ја видоа 7,5 милиони нејзини следбеници, со што Бебе покажа колку ги цени своите македонски корени.