(ФОТО) Деца на познатите ѕвездите кои се поубави од сопствените родители
За родител нема поголема радост отколку да го види своето дете поуспешно, посреќно, поубаво од самиот себе.
Многу холивудски sвезди можат да се пофалат дека се среќни родители од оваа причина.
Децата на многумина светски познати парови успеаја да го искористат најдоброто од двајцата родители и да го подигнат нашиот концепт за убавина на сосема ново ниво.
Еве некои од најубавите наследнички на холивудските ѕвезди, уживајте во нив и обидете се да откриете кој зел што од кого. Ќерката на Џони Деп и Ванеса Парадис, Лили Роуз, ја зеде насмевката на мајка ѝ погледот на татко ѝ. Таа веќе е омилена кај модната куќа Диор и пред себе има вртоглава кариера.
Хејли Болдвин - Бибер е ќерка на актерот Стивен Болдвин. 20-годишната убавица е една од најбараните модели, а оваа пролет се најде на врвот на списанието „Максим“ на најсекси жени во светот. Хејли е и сопруга на Џастин Бибер.
16-годишната Каја Гербер е ќерка на поранешната манекенка Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер. Тинејџерката самоуверено ги следи стапките на нејзината мајка на подиумот.
Париз Џексон е ќерка на Мајкл Џексон и медицинска сестра Деби Роу.Извор: edna.bg