(ФОТО) Џастин Бибер ја продава луксузната вила: Вратата се отвара со отпечаток од прст
Куќата на Џастин Бибер од неодамна се продава и тоа за 4.490.700 евра. Позната е како „Helsby Hills“, а се наоѓа во село во близина на градот Честер во Англија.
Во таа луксузна недвижнина Џастин престојуваше од 2016 година, кога за време на светската турнеја настапуваше во Манчестер Арената. Дворот се простира на 2 хектари, а има и сопствен хелиодром.
Вилата првично била наменета како скриено место во кое Бибер ќе може да пронајде мир, за безгрижно да може да работи на новите песни.
Оваа недвижнина има модерен дизајн, со големи прозори од подот до плафонот, а погледот е кон преубавиот двор. Има пет бањи, пет соби и опремена е со најсовремена технологија.
Вратите немаат клуч, туку се отвараат со отпечаток од прст. Има и сауна, џакузи од кое може може да се гледа телевизија, теретана и приватна дневна соба за персоналот.
Базенот, сауната и пресоблекувалната се наоѓаат наспроти спортската сала, за Џастин да не мора да заморува шетајќи низ вилата.
Во дворот има фудбалски терен, куќа на дрво, соба за билијард... Меѓутоа, со оглед на тоа дека во неа повеќе не може да се крие, ставена е на продажба.