(ФОТО) Џејсон Мамоа ја избричи брадата: Сега е сосема поинаков!
Сопствена промена во име на позитивните промени во светот.
Најголемиот заштитен знак на Џејсон Мамон со сигурност е неговата долга брада со која го паметиме од филмовите и серијата “Game of Thrones”. Но, изгледа на овој изглед му дојде крајот, пишува BoredPanda.
Дека бричењето е навистина посебен момент говори и фактот дека истото го направи на една необична локација, снимајќи го секој чекор. “Сакам да го направам тоа за да допрам до луѓето дека пластиката ја уништува нашата планета и мислам дека имам решение.” – раскажува Мамоа. “Не сакам да се шегувам со тоа. Постои само една едно што може да помогне на нашата планета и да ја спаси, се додека го рециклираме. Тоа е алуминиумот. Тој може 100% да се рециклира”.
“Го бричам ѕверот, време е за промена” – продолжува. “Промена на подобро… за моите деца, вашите деца, светот. Да направиме позитивна промена за здравјето на нашата планета” – заврши Џејсон.