(ФОТО) Џенифер Лопез во костим за капење кој ги истакна нејзините облини
Џенифер
Лопез е среќна што споделува голи фотографии на социјалните мрежи, а овој пат
фото папараците ја фотографираа
во костим за капење.
Музичката дива Џеј Ло која има 51 година, новата 2021 година ја започна со годишен одмор на островите Турк и Каикос, од каде првпат ги почести своите следбеници на Инстаграм со поглед на нејзините познати облини.
Таа објави фотографија на која позира во оскудно бикини, свртена настрана од камерата, а во преден план е нејзиниот задник, кој своевремено го обезбеди на 27 милиони долари.
Со својот изглед во шестата деценија таа воодушеви милиони следбеници кои ја опсипаа со комплименти и лајкови, но сега протекоа фотографии од пејачката од одмор, покажувајќи само малку поинаква реалност.
Џенифер беше фатена од папараците за време на активности на плажа во секси едноделен костим за капење со танга и високи процепи на колковите, а на фотографиите сè уште се гледа целулитот кој пејачката вешто го крие на Инстаграм.
Но, иако нејзиниот изглед е доста поразличен на фотографиите направени од папараците и оние објавени од самата таа, не може да се одрече дека изгледа спектакуларно во живо за нејзините години. Освен по телото, неверојатно е и нејзиното лице, што дури и без трошка шминка не открива дека има 51 година.
Пејачката исто така беше фатена како прави селфи и само нè интересира колку овие фотографии ќе бидат поразлични од реалните откако ќе ги договори за својот Инстаграм
Фото: Profimedia/Instagram/Ј.Lo