ФОТО: Кајли Џенер и ќеркичката во преслатки костими за Ноќта на Вештерките!
Кајли Џенер и нејзината 8-месечна ќеркичка Сторми Вебстер изминатава недела не престанаа да ни ги топат срцата. Прво, двете изгледаа прекрасно во скелетни костими за една забава пред Ноќта на Вештерките.
А како ова да не е доволно, вчера на својот инстаграм профил, Кајли објави неколку слики во кои мајката и ќерката блескаат во идентични пеперутка костими. Оваа маска е инспирирана од заедничката љубов што Кајли и нејзиниот дечко Тревис Скот ја имаат кон пеперутките, како и неговата песна "Butterfly Effect".Во неодамнешно Јутјуб видео Кајли изјави дека за Ноќта на Вештерките ќе ја носи Сторми во куќата кај еден сосед, бидејќи сега живееле на ново место и на улицата се само нејзината куќа и таа на соседот.
Photo credits: @kyliejenner