ФОТО: Камила Кабејо се обиде да носи високо репче како Аријана Гранде. Видете што се случи!
На овогодинешните MТВ Европски Музички Награди кои се одржаа во неделата во Билбао, Шпанија, Камила Кабејо комплетно доминираше. Таа имаше најголем број на номинации, цели 6, а од нив освои 4 - за најдобар артист, најдобра песна, најдобар изведувач во Америка/Светот и НОРМАЛНО, за најдобар видео запис за мегапопуларната „Хавана“.
На настанот Камила имаше малку поинаков изглед, па на долгиот црвен сатенски фустан реши да ја носи косата врзана во високо репче, како Аријана Гранде. Меѓутоа латиноамериканката потклекна пред болката и до крајот на вечерта веќе го имаше пуштено репчето.
Таа дури и се шегуваше со Аријана на Твитер за оваа ситуација.
За жал, Аријана немаше утешни зборови за Камила. Баш напротив, ѝ кажа на Камила дека таа се соочува со истата болка секојдневно, но дека веќе е отрпната.