(ФОТО) Кој е Сем Ашгари, помладото момче на Бритни Спирс?

(ФОТО) Кој е Сем Ашгари, помладото момче на Бритни Спирс?

Објавена во: Stars // Музика

Поп-иконата од крајот на 90-тите, Бритни Спирс, години наназад ја следеа скандали и контроверзни мажи, но она по што е актуелна периодов е љубовната врска со 13 години помладото момче Сем Ашгари.

Нејзиниот избраник е манекен и фитнес модел и освен што беше дел од видеозаписот на Бритни за песната `Slumber Party`, се појави и во спотот на познатиот женски бенд Fifth Harmony за песната `Work`.

Во моментов на Инстаграм го следат „само“ 842 илјади обожаватели, а таа бројка секојдневно вртоглаво расте.

Со оглед на тоа како изгледа сосем е логично, што Сем обожава да објавува фотографии без многу облека на себе, па можеби и токму затоа Бритни е неразделна од него.

Инаку Сем и Бритни се запознаа во 2016 година на снимањето на видеозаписот за нејзината песна Slumber Party. Сем не губел премногу време, па веднаш ѝ го дал неговиот телефонски број. Сепак пејачката призна дека му се јавила дури 5 месеци подоцна кога случајно го пронашла бројот со ливчето во чанта.

Иако обожавателите на Бритни на почетокот на оваа врска беа загрижени за неа, особено заради фактот дека Сем е 13 години помлад од неа и дека ја искористува заради парите и славата, се испостави сосем спротивното. Двојката и понатаму е заедно и изгледаат среќно.

Нивни пријатели тврдат дека Сем има сериозни планови со поп-ѕвездата, па можеби тоа ќе биде и трета среќа за неа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: