(ФОТО) Македонската делегација во роденденско расположение: Славеникот необично ја пресече тортата!
Дека евровизиските дружења остануваат за цел живот, ни докажаа и членовите на делегацијата кои оваа година заминаа во Тел Авив. Тамара Тодевска и нејзиниот тим постојано објавуваат фотографии и видеа за да ни го доближат нивното дружење, но и работа.
Тие денес прославуваат и роденден. Роберт Билбилов е славеникот, кој го доби најголемото внимание нешто по полноќ. Со огромна торта и хорско пеење на роденденската песна, Роберт, кој е дел од авторскиот тим на Тамара, ги дувна свеќичките.
Тортата се реши да ја пресече со вилушка и нож, па така позираше и пред објективите заедно со Тамара.