(ФОТО) Мина во утринските часови гледа филм, Мартија се радува на првиот училишен ден!
Денес официјално започна новата учебна година. Некои ученици овој факт го прифатија со неизмерна радост поради повторната средба со соучениците и желни за нови училишни авантурни, а пак останатите со неизмерна тага, поради претстојните обрвски.
Нашите млади пејачки Мина Блажев и Мартија Станојковиќ, кои воедно и се другарки на различен начин ги споделија своите импресии за првиот ден од враќањето во училишните клупи.
Имено, Мина сподели Инста стори на кое се гледа дека во рани зори гледа филм на лаптоп.
За разлика од нејзинито, Инста сторито на Мартија носеше јасна порака. Заедно со своите соученици позираше со книги во рака и на истото стави опис „Back to school“.