(ФОТО) Основци тргнаа во училиште во посебно креирани униформи: На нив се и буквите „ВК“
Првоодделенци во униформи - малку училишта на Балканот може да се пофалат дека нивните деца се исто облечени и тоа во единствени униформи кои го симболираат училиштето.
Основното училиште „Вук Караџиќ“ од Сурдулица, Србија е еден ретките исклучоци. Не само што имаат униформи, туку и нивниот дизајн е единствен.
За истиот е одговорна, а и го донирала на општината модната дизајнерка Верица Ракочевиќ.
„Горда сум и среќна што направив училишни униформи за општина Сурдулица. Дизајнот беше мој подарок за прекрасните деца и луѓе на оваа општина. Амблемот ВК се иницијалите на училиштето Вук Караџиќ, за да не дојде до забуна“ - напиша дизајнерката во својата Фејсбук објава.
Униформите се состојат од тегет џемпери, панталони и здолништа. Девојчињата носат виолетови, а момчињата сиви поло маички.
Во Македонија само неколку основни училишта може да се пофалат со униформи, кои не дозволуваат да се прават разлики помеѓу учениците.