(ФОТО) Основниците од Центар со ново училиште: Американски стил во Македонија!
Започна со работа новото основно училиште „ Киро Глиговор“ во општина Центар, односно во населба Капиштец. Со изградба започна во 2016 година, за скоро 3 години подоцна да започне со работа.
На површина од 12.100 м2 и дворна површина од 4.100 м2 ова училиште нуди многу поинаква атмосфера од сите останати. Светлите и колорни ѕидови во училиштето на самите фотографии будат една позитивна енергија, а надворешниот изглед потсетува на основите училишта кои ги имаме гледано само на холивудските филмови.
По теркот на американскиот стил, училиштето изобилува со многу прозорци кои ходниците, училниците и канцелариите ги исполнуваат со природна светлина.
Во продолжение погледнете неколку примери од американски училишта, кои потсетуваат на новото основно училиште во Центарот на градот.
Ова училиште е одличен пример за сите останати училишта не само во Скопје, туку и во цела Македонија. Најмладите секогаш ги заслужуваат најдобрите услови.