(ФОТО) Овој фустан е толку популарен што доби и свој Инстаграм профил!

(ФОТО) Овој фустан е толку популарен што доби и свој Инстаграм профил!

Објавена во: Мода // Must have

На сите ни се има случено на некоја свадба или некој настан да изгледаме како хостеса, бидејќи има уште некој исто облечен како нас, а во овој случај можеме да сметаме дека ваквите ситуации денес станануваат тренди. 

Тешко е да не приметите две личности да носат ист фустан, а уште потешко кога истиот фустан го носи целиот град. Се појавуваат насекаде како некое модно "бум" претставување, кое трендсетерките и оние кои сакаат да се класифирираат така, го избраа за летна униформа. 

 Овој фустан од "Зара" постана светска сензација. Од фестивали, кафичи, барови и летни одмаралишта, овој фустан доби и свој Инстаграм профил.

Долгиот бел фустан со црни точки навистина се појавува насекаде. Класичниот модел со 3/4 ракави и миди должина е најверојатно она што ги привлекло сите купувачи. Но, се прашуваме дали и вие навистина би го купиле овој фустан, знаејќи дека толку многу луѓе веќе го имаат истиот фустан во своите плакари? Верните фанови на профилот постојано праќаат фотографии, а во продолжение ви ги покажуваме најинтересните.


Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: