(ФОТО) Популарни се ширум светот: Необични апостолки кои се хит ова лето!

(ФОТО) Популарни се ширум светот: Необични апостолки кои се хит ова лето!

Објавена во: Мода // Moj стил

Јапонските традиционални гето сандали се сметаат за златна средина помеѓу обичните апостолки и холандски кломпи. Една од најолемите јапонски производители на овие обувки на пазарот пушти необичен обликк кој се распродава ширум светот.

Компанијата Нара Гетаја ова лето го направи посебно за сите љубители на мачки, со тоа што дизајнираше апостолки во форма на мачка. Колекцијата се вика Нијара Гета, како комбинација на зборот „nya“ што на јапонски значи „мјау“ и „nara“ како место каде што се произведуваат сандалите, пренесувам порталот mymodernmet.com.

Овие сандали може да се купат во 9 различни бои, независно од боите или големината сите модели имаат ист облик. На врвот под прстите имаат две испакнатини кои ги претставуваат мачките уши, додека зад петите имаат мал додаток кој го претставува опашот.

Напревени се од цврст, но удобен водоотпорен материјал кој се вика EVA, па така може да се носат дома, па и надвор, а чинат околу 30 евра.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: