(ФОТО) Професор ги натерал учениците да носат картонски кутии на глава: Причината неверојатна
Изгледа дека додека денешните студенти и ученици ги усвојуваат софистицираните методи за препишување, некои професори развираат сопствени тактите за да се изборат со препишувањето.
Настаник од College of Bachelors, во мексиканската држава Tlaxcala, моментално има големи проблеми откако наводно ги натерал студентите да носат картонски кутии на главите за да спречи да препишуваат за време на испитот.
Се започнало кога некои родители на социјалните мрежи објавиле фотографии од професорот Луис Хуарез Тексис, за да ги повикаат властите да го отпуштат. На фотографиите се гледа дека професорот ги надгледува студентите за време на испитот. Студентите имаат картонски кутии на главите, со мал отвор кој им овозможува да гледаат и читаат.
Групата родители го изразила своето незадоволство на Фејсбук истакнувајќи: „Ги осудуваме овие дела на понижување, како физичко, така и емоционалното и психичкото насилство на кои се изложени учениците од Campus 01 'El Sabinal', Tlaxcala. Вака Луис Хуарез Тексис ги третира и понижува студентите. Како родители сме загрижени поради академското образование на нашите деца, ги молиме сојузните и државните образовни власти и институции кои се грижат за правата на младите веднаш да делуваат со отказ на Луис Хуарез Тексис, директорот на споменатиот кампус. Се надеваме дека овој вид на насилство над младите нема да биде занемарено и дека сојузните и државните власти ќе го разрешат од фукција и дека ќе се престане со овој вид на понижување во просторот наменет за учење...“.
Во меѓувреме, Луис Хуарез Тексис се бранел. Според неговите зборови студентите се сложиле на мерка против препишувањето и тој на местото бил како набљудувач. Исто така, некои корисници на социјалните мрежи не виделе ништо лошо во „понижувачката“ постапка на која студентите биле изложени, тврдејќи дека тоа било за нивно добро.
Што мислите вие? Станува ли збор за кршење на правата или ова бил одличен потег на професорот?