(ФОТО) Роналдо не може да го гледа Меси како најдобар на светот: Испрати шифрирана порака

(ФОТО) Роналдо не може да го гледа Меси како најдобар на светот: Испрати шифрирана порака

Објавена во: Спорт // Фудбал

Кристијано Роналдо е единствениот кој не се појави на доделувањето на ФИФА наградите за најдобар играч светет. Остана празно 11 - то место на големиот подиум каде е прогласен тимот за оваа година според Светската куќа на фудбалот.

Ова и не е големо изненадување, бидејќи Роналдо воглавно не се појавува кога не добива никаква награда.

Дали сега имал најава дека наградата ќе заврши во рацете на неговиот ривал - Меси, па затоа не се појавил, останува да погодуваме. Сомнежот дека тоа е причината дополнително се згоелмува, бидејќи Ронално неодамна сепак неодамна присуствуваше на доделувањето награда за најдобар во Лигата на шампионите за минатата година, каде исто така остана со празни раце, но тогаш наградата заврши во рацете на Вирџил ван Дајк.

Роналдо сега за време на наградите се јави од својот дом, каде што од софата испрати порака, која може да се сфати и како скриена порака во која е изразено незадоволство.

„Трпението и упорноста се две карактеристики кои ги разликуваат професионалците од аматерите. Се што е денес големо, започнало како мало. Можете да работите се, но работете за да може да ги остварите своите соништа. И имајте на ум дека по ноќта, секогаш доаѓа утрото“ - порача Роналдо.


Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: