(ФОТО) Селена ги збуни сите: Во мај ја најави венчавката со Бил Муреј, а сега вели дека е сингл
Американската пејачка и миленичка на тинејџерите, Селена Гомез, во мај објави дека ќе стапи во брак со 68 - годишниот американски актер Бил Муреј, со кој се прошета на црвениот тепих на Канскиот фестивал.
Но, работите се сменија. Откако ја објави новата песна не престанаа да зборуваат за тоа текстот на истата е посветена на Џастин Бибер. Исто така, долго време се зборува дека е во врска со ирскиот пејач Ниал Хоран, но никој од нив двајца не ја потврди оваа вест.
Сега, Селена конечно одлучи да им застене на патот на сите гласини, па дури и на оние кои самата си ги предизвика. „Само сум веќе две години, не се гледам со никој. Јас сум во Божјото време, а не во моето“ - напиша на Инста стори популарната пејачка.
По ова сите вие кои се грижевте дека Селена ќе стапи во брак со 68 - годишниот актер можете да се смирите. Тоа било само шега на пејачката.