(ФОТО) Со бришење на телефонот од рацете на луѓето го покажа тажниот свет во кој живееме
Дали ова го читате на својот телефон?
Веруваме дека постои голема шанса за тоа.
Сега пробајте да замислите како би изгледале доколку вашиот телефон одеднаш ви исчезне од рацете.
Дали ќе изгледате осамени? Можеби чудно?
Изгледа дека во светот во кој мобилните телефони буквално раководат со нашето време и однесување, на многумина ова би им било сосема нормална глетка - осамена и подгрбавена личност која гледа во својата рака.
За да ни покаже колку сме исклучени од светот поради мобилните телефони, американскиот фотограф Ерик Пукерсгил одлучи да направи серија фотографии на кои прикажува луѓе на кои им ги избришал телефоните од рака.
А, резултат во исто време е неверојатен, но и поразителен бидејќи со гледањето во екран пропуштаме многу фасцинанти работи околу нас.
Па така овие фотографии можеби се најдобар потсетник дека од време на време би требало да го одложиме гледањето во телефон и малку повеќе да уживаме во реалниот свет.