(ФОТО) Старите соби во студентскиот дом „Гоце“ се трансформираат во модерни катчиња за студентите

(ФОТО) Старите соби во студентскиот дом „Гоце“ се трансформираат во модерни катчиња за студентите

Објавена во: Совети // School zone

Оваа година има многу новини кога се во прашање студентите од внатрешноста на Македонија. Оние кои изминатите години доаѓаа во главниот град за да се дообразуваат, беа изложени на многу тешки услови во студентските домови, за што сведочат и многуте фотографии кои студентите ги споделуваа на социјалните мрежи.

Со реновирањето на студентскиот дом „Стив Наумов“, а потоа дел од блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“, започна да се враќа надежта за подобро утре кај младите генерации. 

Кога сме кај реновирањето и студентскиот дом „Гоце Делчев“, собите и холовите во овие два блокови ќе бидат уредени модерно и современо.

„Комплетното уредување се однесува на 2 влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски. Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги како и флексибилен стол.“ - пишуваше на страната на државните студентски домови.

Исто така, на инстаграм профилот @drzaven_studentski_centar, студентите ќе може да се информираат за сите новини поврзани со нивното живеење. 

Но, она што започнува од оваа и година и што е надеж за побрзо решавање на сите проблеми на оние студенти кои живеат во студентските домови е најновата алатка „Мој дом“. Освен споделување на проблемите, оваа алатка овозможува и споделување на идеи кои студентите ќе ги предложат до надлежните институции.

Иако сево ова требаше да се преземе уште многу одамна, сепак никогаш не е доцна за позитивни промени. Новите генерации ќе имаат достоинствен живот далеку од своите домови и одлични услови кои ќе им го олеснат дообразувањето.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: