(ФОТО) Супер - бабичка: Бади Винкл е уникатна баба со стил
Модата навистина не знае за години.
Дека убавината на жената созрева со возраста, а нејзината љубов кон модата не се намалува, докажува баба по име Бади Винкл, или Хелен Рут ван Винкл, дама која на 92-годишна возраст ништо не ја спречува да ужива во животот.
Верувале или не, таа има 3.7 милиони следбеници на Инстаграм, вклучувајќи ги Ријана и Мајли Сајрус, нејзина колекција производи за убавина во Сефора и неверојатен стил на облекување. Таа стана сензација на Интернет уште во 2014 година, а како што изгледа, ентузијазмот за нејзините фотографии не опаѓа.
Пред да зачекори во светот на гламурот и да го отвори патот кон слава, оваа баба водеше прилично нормален живот. Живееше на мала фарма во Кентаки, се грижеше за своите внуци, убаво ја одржуваше својата градина и одеше во црква секоја недела. И, тогаш еден ден нејзината внука објави фотографија од Хелен во кратки шорцеви и со вратоврска околу вратот. Со помош на нејзината внука, Хелен креираше профил на Инстаграм и се најави како Бади Винкл. Првиот пост стана вирален, за кратко време.
Бади ги воодушевува социјалните медиуми со нејзините весели и ексцентрични начини на облекување. Иако нејзиниот стил можеби не им одговара на повеќето, оваа баба навистина зрачи со одредена позитивна енергија, самодоверба и со тоа им дава инспирација на жените ширум светот.
фотографии:instagram
извор:zenskimagazin