(ФОТО) Супер моделот Џиџи Хадид има супер чуден стил за уредување: Погледнете како го “среди“ нејзиниот стан
Кич, шаренило и многу детали..
Иако нејзините обожаватели имаат само пофални зборови за нејзиниот проект, корисниците на Твитер не се согласија. „Станот на Џиџи Хадид е толку грд. Богатите немаат вкус“, е само една од реакциите.
Имено Џиџи Хадид сподели фотографии од нејзиниот последен проект, на кој работеше една година, и предизвика поделени реакции. 25-годишната манекенка, која е бремена, сама го дизајнираше ентериерот на нејзиниот луксузен дом во Њујорк, но “екипата“ на социјалните медиуми не се согласни со фановите на Џиџи, кои го пофалија нејзиниот стил.
Поради необичните детали кои вклучуваат сад со билијард топки, ѕид покриен со списанија, огромен молив ... нејзиниот дом многумина го нарекуваат грд.
Хадид откри дека ја поминала цела година во остварување на нејзиниот страствен проект. „Се разбира, сето тоа заврши пред карантинот“, откри таа, осврнувајќи се на фактот дека беше ставена во карантин со нејзината сестра Бела и партнерот Заин Малик на семејната фарма, па сега едвај чека да минува време во нејзиниот стан.
„Возбудена сум поради времето што ќе го поминувам уживајќи во сите посебни агли од домот, направени со помош на некои од моите омилени креативци кои ги прифатија моите идеи и не ме нарекоа луда“.
„Кој сака да зборува за грдиот ентериер на Џиџи Хадид“, „Ме теши фактот што Џиџи има грда куќа“, трети потенцираат „Џиџи е толку богата, а сепак одлучи станот да го дизајнира како студентски дом“ - се само дел од коментарите на Твитер.
А вака изгледа останатиот дел од ентериерот кој Џиџи го дизајнираше:
фото: instagram
извор:index