(ФОТО) Внуките ѝ се слабост: Каролина е супер тетка

(ФОТО) Внуките ѝ се слабост: Каролина е супер тетка

Објавена во: Stars // Музика

Познато е дека пејачката Каролина Гочева е родум од Битола. Таму живее нејзиното семејство и таа секој слободен момент се труди да го помине со своите најблиски. Како и во многу наврати на својот „Инстаграм“ профил, таа покажува дека омилени во родниот крај ѝ се двете внуки 7-годишна внука Луција и 3-годишна внука Инес, кои се ќерки на нејзината сестра Сандра Гочева- Јерчиќ.

Првата фотка на Инстаграм на Каролина и внуката Луција

Внуките се обично гости и на концертите на Каролина, а најверојатно, така ќе биде и на новите концерти на поп-ѕвездата кои се закажани за 15 и за 16 февруари во салата на Македонската Филхармонија. Каролина за прв пат ќе настапи со оркестарот на Филхармонија и ќе ги испее најубавите песни од албумите „Македонско девојче“ и „Извор“, но и други нејзини хитови, во нови оркестарски аранжмани. Билетите по цена од 1.000 денари ќе бидат во продажба од утре преку онјалн сервисот на „Авалон' продукција. 

Внуките Луција и Инес

Каролина често знае да сподели фотки на социјалните мрежи од дружбата со своите внуки, а особено од забавните моменти со поголемата, Луција. 

Тетката и внуката многу си наликуваат, а и стилски се секогаш во тренд. Каролина со задоволство раскажува дека внуките и будат мајчински чувства.

 - Па, како викаат, тетката е втора мајка и тоа не е далеку од вистината. Внучињата се мојата прва љубов и најголема радост и будат цел спектар на чувства кај мене. И со двете имам посебен однос и огромна љубов- изјави таа во претходно интервју за Женски Магазин.

Внуката Инес


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: