(ФОТО) Во „Идол“ важеше за мрзливка: Како изгледа денес Лаура Крлиу?
Доколку си љубител на музичките натпреварувања, сигурно се сеќавата на пејачката Лаура Крлиу, која во македонскиот Идол ги освои симпатиите на публиката. Помеѓу натпреварувачите важеше за мрзливка, а сето тоа поради големата желба за спиење.
Во изминатиот период таа се појави на албанскиот Х - фактор, на неколку македонски фестивали, на кои ги промовираше своите песни.
Денес таа се уште се занимава со музика, а изминатиот викенд ги забавуваше гостите на роденденската забава на бредот Levi's.
Облечена до глава до петици во парчиња од овој популарен бренд, Лаура покажа дека и едноставниот изглед е функционален доколку се искомбинира со одлична шминка и фризура.