(ФОТО) Водителката Спенџарска открива за кого ќе навива во Ѕвездите на Гранд!
Македонија има 4 претставници во финалето на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд. Мартинијан, Филип, Дарко и Огнен имаат еднакви шанси за победа, а истите за последен пат ќе ги искористат во 3 - те минути за време на последното претставување.
Голем број македонски јавни фаци ја дадоа својата поддршка на овие млади и надежни музичари, а помеѓу нив се најде и водителката Јелена Спенџарска. Таа објави стори на својот Инстаграм профил, во кое им посака среќа на сите кандидати, но откри дека Огнен има некое посебно место во нејзиното срце.