(ФОТО) За роденден доби две бесни машини: Ќерката на Лајонел Ричи го прослави 21-от роденден
„Најдобриот подарок од дечко ми“ – напиша Софија на социјалните мрежи додека ги снимаше новите автомобили.
Ќерката на познатиот Лајонел Ричи (70) го прослави својот 21 роденден, а нејзиното момче Скот Дисик (36) на својата преубава половина и подари дури два скапоцени автомобили, бидејќи подарокот од еден автомобил веќе станал „рутина“ во светот на славните и богатите.
Скот паркирал два автомобили пред куќата на Софија – „Range Rover“ и „Aston Martin“ и можете да замислите колку многу таа се воодушевила од луксузните подароци.
Откако се пофали на социјалните медиуми за најдобриот подарок годинава, Софија со приватен авион замина во Лас Вегас каде што ја очекуваше прославата за нејзиниот роденден.
Забавата траеше до зори, а Софија беше облечена во розов комбинезон.
Инаку, Софија е во врска со Скот, кој има три деца од бракот со сестрата на Кајли, Кортни Кардашијан.