(ФОТО) Заблескајте во чизми за секоја прилика како Меган Маркл

(ФОТО) Заблескајте во чизми за секоја прилика како Меган Маркл

Објавена во: Мода // Moj стил

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на одбележувањето на британскиот Remembrance Day, денот кога се присетуваат на британските војници кои загинаа во Првата светска војна.

Војвотката од Сасекс за првпат присуствуваше на неговото одбележува, а за овој настан таа одбра елегантна комбинација, составена од темносин каппут и темносина кадифена беретка. На капутот Меган носеше црвен афион кој е симбол на Remembrance Day. Капутот го збогатила со тенко црно ременче, а целата комбинација со кожни ракавици.

Но, она што на сите особено им го привлече вниманието беа црните чизми до колена. Истите се со потпис на Викторија Бекам, чија цена на попуст била 1250 фунти. 

Кај нас, овој модел сигурно не можете да го најдете, ама затоа на страната на Fashion Group Македонија пронајдовме два модели кои се слични на чизмите на војвотката кои можете да ги носите во секоја пригода.

Првиот модел е на брендот GEOX и чини 12.590 денари.

Вторниот пак, е на брендот MANGO и чини 9.990 денари.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: