Фотографии стари 21 година: Миа Костова откри како изгледала како матурантка (ФОТО)

Фотографии стари 21 година: Миа Костова откри како изгледала како матурантка (ФОТО)

Воопшто се нема променето...

Една од најпознатите инфлуенсерки и поранешна водителка, Миа Костова важи за една од јавните личности која нема проблем да споделува детали од својот приватен живот. Без разлика дали станува за некои интимни прослави, за родителството, за проблемите со кои се соочува, стравовите... на нејзиниот Инстаграм профил често може да научите нешто, но исто толку често може да се инспирирате.

Сега, таа направи нешто што одамна го нема направено. Имено, ги отвори старите семејни албуми и со своите следбеници сподели фотографии стари 21 година. Имено, инфлуенсерката покажа како изгледала на својата матура, која ја прославувала во далечната 2002 година.

„Пред 21 година... матура 2002. Или... сѐ во служба на пркосење на старост, никако за менување личен опис“ - напиша на една од фотографиите.

Овие фотографии се одличен доказ дека Миа скоро па и да се нема променето. Единствената воочлива разлика е бојата на косата, а тоа го искоментираа и нејзините следбеници, кои не ги штедеа комплиментите.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: