Фотографија која ќе влезе во историјата: Наоми Кембел за првпат го покажа бебето и тоа на многу необичен начин
Една од најубавите манекенки и модели на светот за првпат го покажа бебето...
Супермоделот Наоми Кембел се фотографираше за британското издание на магазинот „Вог“, меѓутоа на фотографиите не беше сама. Оваа 50-годишна манекенка во прегратките ја држеше својата ќерка.
Откако во апсолутна тајност ја одржа својата бременост и се породи, манекенката сега се фотографираше и на јавноста ѝ ја претстави својата наследничка.
„Не е посвоена, таа е мое дете“ - кажа Ноами.
Naomi Campbell poses with her daughter for the first time on the March Issue of British Vogue.
— IAMFASHION (@IAMFASHlON) February 14, 2022
Photographed by Steven Meisel. pic.twitter.com/KUt15Vzse1
Многу е впечатлива нејзината фризура, а нејзината коса дава посебна нота на оваа фотографија и го привлекува вниманието кон себе со својата необичност. На фотографијата се гледа комбинацијата од модната куќа „Валентино“, која донесе чиста енергија. Впечатливи се и нејзините ретро прстени на фотографијата, која ја потпишува „Fd gallery“.
На социјалните мрежи се појавија и уште неколку фотографии на кои манекенката доминира и на кои носи многу едноставни парчиња облека кои даваат посебна димензија на нејзината фигура.
Naomi Campbell for the March issue of British Vogue pic.twitter.com/jCHnRnwkC9
— Fashion MOEments (@FashionMOEments) February 14, 2022
Како ви се допаѓа Ноами?
фото: Инстаграм