Фотографија од матурантка од Украина го обиколи светот: Денеска требаше да има матурска вечер, но...
Во еден момент завршуваш средно училиште, бараш матурски фустан и преговараш со родителите каде ќе одиш на шопинг, а веќе во следниот момент треба да се засолниш во бункер затоа што паѓаат бомби врз твојот град...
И додека вие со нетрпение ја очекувате матурската вечер и сте во последните подготовки, на некои матуранти тој посебен ден им е уништен.
Тетка на матурантка од Украина сподели фотографија која стана вирална за само неколку часа.
И таа се подготвувала за таа голема вечер што ќе го означи крајот на средното училиште, исто како и вие, а разликата е што нејзината матурска се уште не може да се одржи, бидејќи нејзиниот град е во урнатини, а државата е во војна.
Тетката на Ана Епишеве сподели фотографија од нејзината внуки подготвена за матурска вечер, која сепак нема да се случи поради војната. Сепак, Ана тој ден го облече фустанот и позираше во своето средно училиште. Или подобро кажано, во она што остана од училиштето.
„Мојата внука требаше да заврши средно училиште оваа година. Таа и нејзините пријатели купуваа фустани и со нетрпение го очекуваа денот на матурата. Потоа дојдоа Русите. Нејзиното училиште беше под директен напад и беше уништено. Денеска се врати во она што остана од средното училиште“, напиша нејзината тетка.
Anna Episheva: My niece was supposed to graduate this year from her high school. She and her friends bought dresses and were looking forward to this day. Then Russians came. Her school was directly hit and destroyed. Today she came back to what is left of her school and her plans pic.twitter.com/q9cJW2j8f0
— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) June 7, 2022