Фотографија поради која ќе заплачеш: Знаеш ли зошто ова куче седи покрај креветот?

Фотографија поради која ќе заплачеш: Знаеш ли зошто ова куче седи покрај креветот?

Објавена во: Совети // Другарство

Постојат безброј причини поради кои кучињата се сметаат за најдобри пријатели на човекот - тие ни даваат безрезервна љубов, предаденост и друштво. Секој кој барем еднаш во животот имал посебна врска со куче може да посведочи за симбиотичкиот однос помеѓу луѓето и малите влакнести суштества. Но, што се случува со кучето кога тоа ќе го изгуби својот сопственик - својот најдобар пријател?

Не е необично кучињата да жалат поради загубата на личноста со која биле премногу поврзани. Иако можеби тие не ја разбраа човечката преданост, го разбираат емоционалното чувство за исчезнатите личности кои повеќе не се дел од нивниот секојдневен живот. Одредени показатели како што се промените во рутините, чувството за отсутност на сопственикот (неговата појава, мирис и глас), на кучето му укажуваат дека е дојдено до некои промени.

Не постојат две еднакви кучиња, па така начинот на кој тагуваат се разликува. За да се дефинира емоционалната состојба по загубата на саканата личност, важно е да се внимава на одредени знаци, бидејќи тие може да влијаат на неговото здравје. Некои од знаците како што се стрес и анкциозност, може да се забележат во нивното лаење, цимолење, губење на апетит и тежина, недостаток на енергија...

Со една ваква трагедија се соочи и тригодишниот мелезче Moose чија фотографија на Фејсбук ја објави Здружението за спасување животни во Њу Џерси. На фотографијата кучето трпеливо го чека својот сопственик кај болничкиот кревет не знаејќи дека тој починал.


Тие напишале: „Moose трпеливо седеше покрај болничкиот кревет чекајќи го својот „татко“ да се врати, не знаејќи дека тој починал. Moose сега е вратен на нашите пријатели во „Eleventh Hour Rescue“ и многу тешко ја поднесува загубата на својот сопственик. Ве молиме да ни помогнете да му најдеме нов дом и семејство на Moose, кое ќе го сака. По природа е сладок и весел, но сега мора да пронајде луѓе покрај кои неговото срце повторно ќе заздрави“.

Го опишале како тригодишен мелез од лабрадор кој обожава деца, добро се снаоѓа со други кучиња, но дека не е обожавател на мачки и птици. Ги обожава луѓето, па важно е идните сопственици да не го оставаат сам по цел ден. По оваа објава добрите вести стигнале по само два дена - Moose станал член на ново семејство кое ќе му помогне да го заздрави своето малечко срце.

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: