Фотографијата на Лепа Брена од првата лична карта: Таа е единствената личност која успеала да изгледа убаво (ФОТО)

Фотографијата на Лепа Брена од првата лична карта: Таа е единствената личност која успеала да изгледа убаво (ФОТО)

Тогаш имала темна боја на косата, тенки усни и веѓи...

Популарноста на Лепа Брена не опаѓа ниту по четири децении на јавната сцена. Отсекогаш била една од најзгодните и најдобро стилизираните пејачки, а неодамна покажа и фотографија и тинејџерските денови, кога имала темна коса.

Поточно, Лепа Брена со следбениците сподели како изгледала нејзината фотографија од првата лична карта, која ја извадила кога наполнила 18 години.


Секој од нас е сведок дека фотографиите од личните документи не се онакви какви што би сакале, и многумина се жалат дека се непрепознатливи, но на Брена тоа ѝ одело од рака.

„Ова е единствената личност која успеала да изгледа убаво на фотографијата за лична карта“ - гласеше еден од коментарите на обожавателите на пејачката.

Брена тогаш била бринета, имала тенки усни, а во мода биле и тенките веѓи. Со текот на времето пејачката стана русокоса и сфати дека таа боја подобро ѝ стои.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: