
Фотосесијата за новата песна им ја правеше македонски фотограф: Анастасија и МС Стојан ја објавија дуетската „Отказ“ (ВИДЕО)
Нов летен хит...
Младата пејачката Анастасија Ражнатовиќ неуморно работи на својата музичка кариера. По неколкуте самостојни синглови, сега објави и дует, во кој придружба ѝ правеше српскиот пејач МС Стојан.
За него е познато дека е изведувач кој има дуети со многу пејачи и пејачка, па не е ни чудо што Анастасија го одбра токму него за првата дуетска песна.
Зад „Отказ“ се потпишуваат Саша Диниќ, Марко Морено, Вуксан Билановиќ и Александар Саблиќ. И оваа заедничка песна ја објавија со видео запис, а зад режијата се потпишува Мирослав Арсиќ.
Како и досега, и овој пат Анастасија се појави во ултра модерно издание, а МС Стојан се потруди да биде модно усогласен со својата партнерка.
Интересно е да се напомене дека фотографиите со кои ја најавуваа новата песна ги имаше направено нашиот фотограф, Стефан Соколовски, попознат и како Бед Стеф, кој сподели неколку фотографии од зад камерата.
фото: Притнскрин / Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
