Фризер бесплатно потстрижа бездомник и го трансформираше во друг човек: Сега е интернет сензација (ФОТО)

Фризер бесплатно потстрижа бездомник и го трансформираше во друг човек: Сега е интернет сензација (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Фризер решил да среди бездомник кој одамна не се бањал - му ја скратил косата, брадата и постигнал неверојатна трансформација!

Убавите и хумани гестови секогаш ни ги топлат срцата, па така и овој гест.
Социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа трансформацијата на бездомник кој долго време не се капел. Со прилично занемарен изглед, со несредена коса и брада, човекот ја прифатил понудата на Џошуа Сантијаго, фризер кој сакал да го промени неговиот изглед.

Фризерот го сретнал бездомникот на улица и решил да му ја понуди неговата услуга за да се чувствува подобро и да изгледа подобро.
Трансформацијата ги шокираше корисниците на социјалните мрежи и судејќи по коментарите, сите се согласуваат во едно, а тоа е дека сега изгледа 20 години помлад!“

„Секој заслужува да се чувствува добро и среќно со себе“, напиша фризерот на својот профил на TikTok во видео на кое се гледа како бездомник седи на столот, а Џошуа реши да му ја скрати огромната брада и коса, а конечниот резултат е за пофалба! 


Во друго видео тој покажа како изгледа мажот без брада и со уредна фризура. Она што е интересно е дека бездомникот избрал што тој сака, а фризерот истакнува дека неговото правило е „да им го даде на муштериите тоа што го бараат“.

Коментарите беа: „Човеку, колку е убав сега!“, „Не ми се верува дека изгледа буквално 20 години помладо“, „Каква разлика прави фризурата и брадата, тоа е нереално“, „Ти благодарам за гестот, ова е прекрасно“ , „Сега изгледа како кул лик од игра“...

извор:MONDO

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: