Фудбалскиот дрес го замени со костум: Сопругот на Јелена Карлеуша сега има нова професија

Фудбалскиот дрес го замени со костум: Сопругот на Јелена Карлеуша сега има нова професија

Објавена во: Живот // Живот

Новиот бизнис на Тошиќ е многу профитабилен...

Душко Тошиќ, ја замени својата првобитна професија со нов бизнис. Имено, сопругот на пејачката Јелена Карлеуша, престана професионално да се занимава со фудбал и денес има нова професија.

Имено, тој е фудбалски менаџер. Иако Тошиќ сакаше да ја заврши кариерата во Црвена ѕвезда, судбината сакаше поинаку и денес има многу други извори на приход.

Сопругот на Карлеуша заработува од трансферите, односно, од продажбата на играчи. Иако често патува и преговара со потенцијалните клубови на своите играчи, новиот бизнис му овозможи да поминува повеќе време со семејството.

Според она што го пишуваат српските медиуми, Душко уште во стартот се покажал како добар менаџер, веќе имал трансфер, па така парите не му недостасуваат. Во прашање е фудбалерот Мирален Пјаниќ, некогашната ѕвезда на Барселона и Јувентус, кој Тошиќ го донесе во Бешикташ.

Фудбалскиот менаџер има „свои“ играчи, за кои од сезона во сезона преговара со клубовите и им обезбедува најдобра деловна можбност, односно клуб во кој ќе ја продолжат кариерата.

Од вкупната сума од продажбата на играчите, која зависи од побарувачката и успехот на фудбалерите, дел од парите одат кај менаџерот, а како што кажуваат добро упатените, за еден трансфер можат да се заработат и до милион евра.

„Секој почеток е тежок, така и во менаџерската работа. Влегов во костум, без официјално да ја завршам кариерата. Еве како се случи. Имав неколку понуди летово, но го чекав Бешикташ. Сакав да ја завршам кариерата во само два клуба - или во Црвена ѕвезда или во Бешикташ“ - изјави претходно Тошиќ и откри како дошло до трансферот.

„Во Турција е намален бројот на странци и јас само чекав да се зголеми квотата. Си седам така во Истанбул со тренерот на Бешикташ, Серген Јалчин, чекам да се отвори тоа едно место за странец. А, тој ми се жали, дека му треба играч од средниот ред.

Веднаш се сетив на Пјаниќ, стапив во контакт со агентот Нермин Џенгис и буквално за неколку минути го завршивме трансферот. Тренерот Јалчин не можеше да верува дека доби играч од Барселона. Беше во шок“ - кажа порано Тошиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: