Фустан стар 66 години, но без моден рок на траење: Зендаја носи само ремек-дела, а досега ова е најубавото
Мислевте дека не може подобро од ретро фустанот со златни детали во облик на ‘рбетен столб од брендот „Кавали“? Грешите - Зендаја Колман секогаш може подобро!
Официјално најмладата модна икона во историјата секоја пат се надминува себе кога се во прашање најсвечените изданија, па дури и доделувањето на „NAACP Image“ наградите, иако беше само виртуелно, не е исклучок.
Зендаја Колман и во оваа прилика ги остави сите без здив, а за ова онлајн доделување на награди одбра дури две модни комбинации.
Првата е „haute couture“ фустан од модната куќа „Валентино“, чие заштитно лице е, а станува збор за блескав сребрен фустан со прерамки, кој ја истакна нејзината витка фигура. Актерката ја надополни со капут со сребрени детали од истиот бренд и едноставни бели високо потпетици.
Сепак, дека самата на себе си е најголема конкуренција и дека од најдоброто може подобро, Зендаја покажа уште еден фустан, кој го покажа на Инстаграм и поради кој сите жалат што не можеле да ја видат на црвениот килим.
Станува збор за модел од модната куќа „Балман“, ретро фустан од 1956 година, чиј горен дел е составен од корсет во смарагднозелена боја. Под него е величенственото црвено здолниште, кое од колковите надоле се шири во балски крој.
Во оваа прилика Зендаја ја имаше залижано косата во стилот на старите холивудски диви и на себе имаше едноставен вечерен мејкап, а тука се и ефективните дијамантски обетки.
Фотографијата на преубавата актерка во овој фустан ја сподели нејзиниот стилист Ло Роуч, кој со неа се заблагодари на Оливија Рустен, креативниот директор на модната куќа Балман, што им дозволил да се послужат со „архивата“ на овој бренд.
„Посоти ли посовршен фустан?“ - се запраша тој.
фото: Принтскрин / Инстаграм