Фустани кои секоја девојка која ја сака модата треба да ги има во плакарот: 10 модели кои постојано ќе ги носиш (ФОТО)
Фустаните се најлесни за носење, бидејќи не мора да го комбинирате долниот со горниот дел од комбинацијата...
Не секоја девојка сака фустани, но ако си ти една од оние кои обожуваат да носат фустани, тогаш оваа листа е за тебе. Секој од овие фустани е тука со причина и ќе ти треба во повеќе прилики.
Фустанот може, но и не мора да биде женствен, сѐ зависи од начинот на кој ќе го носиш со какви обувки и додатоци ќе го искомбинираш. На многу девојки, фустаните им се голема љубов, бидејќи освен што се лесни за носење, се чувствуваат подотерано кога ги носат.
Затоа, секоја девојка која е љубител на модата треба во својот плакар да ги има овие 10 модели:
# Кежуал фустан за во есен и зима
Нема врска колку е студено, некои девојки секогаш носат фустан. Во зима сакаме и да изгледаме добро и да ни биде топло, а иако фустаните не изгледаат како модно парче кое може да ги задоволат тие криериуми, тие го можат тоа. Во комбинација со високи чизми, ќе ве затоплат и повеќе од доволно.
# Мал црн фустан
Класика. Дури и оние кои не сакаат фустнаи често имаат ваков фустан во својот плакар и го носат за оние посебни прилики.
# Фустан кој е „over the top“ за посебни забави
Фустан кој ги привлекува сите погледи и сите ја вртат главата по тебе. Без разлика дали тоа ќе бидат светки, гол грб, тесен, краток, долг... тоа е фустан кој нема да го носиш секој викенд, но кога ќе го носиш, ќе се чувствуваш како божица.
# Долг лелеав фустан
Модел кој може да биде за на плажа, за во град или за во ресторан. Зависно од тоа каде го носиш, таква намена ќе има, бидејќи се прилагодува на сите ситуации.
# Сладок летен фустан
За некои тоа ќе биде фустан со цветчиња, за некои розев фустан или за некои тоа ќе биде фустан со „паф“ ракави. Ќе послужи како дневен фустан кога го носиш на патики, и како посебен за љубовен состанок, ако го носиш на сандали.
# Маица - фустан
Кога не се чувствуваш најдобро и не сакаш облеката да ти го нагласува телото, но и понатаму сакаш да изгледаш добро. Маица - фустан! Не мора во неа да го задржуваш здивот или да внимаваш што јадеш.
# Свечен фустан
Фустан кој ќе биде наменет за свечени пригоди, од крштевки до свадби. Не мораш секогаш да купуваш нов фустан за такви настани. Доволно е да имаш еден кој е класика.
# Фустан со дезен или во силна боја
Кога сакаш да им падне во очи на сите и да се издвоиш од масата, тоа е она што со овој фустан ќе го постигнес. Секоја девојка треба да има еден таков за оние денови кога ќе се чувствува како главен лик во некој филм.
# Фустан кој во моментот е во тренд
Ако сакаш фустани, во твојата колекција секогаш треба да се најде барем еден кој во одреден момент е во тренд. Тоа едноставно се подразбира.
# Мал бел фустан
Малиот црн фустан е повеќе за дотерување, а малиот бел фустан е повеќе кежуал. Летен класик. Нема премногу да те топли, ако е од некој природен материјал нема да привлекува сонце, а супер ќе го истакне твојот потемнет тен.
фото: Принтскрин / Инстаграм