Гага и Купер всушност биле „ПЛАН Б“: Еве кои биле првичните кандидати за „A star is born“!
Филмот „A
star is born“ веќе некое време е хит
во кината и сите многу добро знаете дека во него главни актери се инзворедната
Лејди Гага и уште поодличниот Бредли Купер. Но, знаевте ли дека во овој филмски
хит тие воопшто не требало да глумат?
Имено, првобитно улогите на Џексон и Али требало да ги глумат Вил Смит и Џенифер Лопез. „Вил и јас разговаравме за тоа и почнавме да развиваме сценарија. Но, никогаш тоа не оживеа. Па така е тоа со ваквите проекти“ – објасни Џенифер за Екстра ТВ.