Galaxy A16: Создаден за генерацијата Z за динамично искуство, беспрекорен стил и одлични фотографии

Galaxy A16: Создаден за генерацијата Z за динамично искуство, беспрекорен стил и одлични фотографии

Објавена во: После „Школо“ // PR

Samsung повторно ни потврдува дека не мора да се компромитира стилот за да се добијат супериорни перформанси на мобилниот телефон.

Новиот Galaxy A16 нуди неверојатна комбинација на живописен екран, моќна батерија, напредни камера и заштита на високо ниво. Се истакнува со 6,7-инчен FHD+ Super Almoled екран, кој овозможува длабоки бои и кристално чисти детали. Без разлика дали гледате видеа, прелистувате содржини,играте игри или читате електронски книги, овој извонреден екран го прави целото искуство попријатно и беспрекорно. Со долготрајната батерија од 5000 mAh, Galaxy A16 е секогаш подготвен за твоетто динамично темпо на живот, овозможувајќи употреба на омилените апликации, игри и социјални мрежи подолго време, додека 30W брзото полнење гарантира брзо надополнување кога и да е потребно. А осумјадрениот процесор на овој уред овозможува истовремено да правиш повеќе работи за непречен мултитаскинг.

Благодарение на системот од камери предводен од главната камера од 50 MP, заедно со ултра-широката камера од 5MP и микро камерата од 2MP,твоите фотки ќе бидатјасни и живописни.Со ултра-широкиот објектив за панорамски снимки и сензорот за длабочина за идеални портрети, совршено ќе ги доловуваш сите важни моменти, а предната камера од 13MP ќе ти овозможи јасни селфи-фотографии за уште повпечатливи спомени.

Заштитата е загарантирана со Samsung Knox безбедносната платформа која ја задржува твојата приватност на високо ниво. Телефонот има можност за надградби на ОС (оперативен систем) до 6 години, како и 6 години безбедносно одржување, така што Galaxy A16 останува актуелен подолг период.

 Со Galaxy A16, Samsung уште еднаш покажува дека вистинската вредност произлегува од внимателно избалансирани перформанси, моќна батерија и сигурна заштита, комбинирани во уред кој е идеален придружник за секојдневните авантури.

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: