(ГАЛЕРИЈА) Марија Палоска со нова колекција: „Инспирација ми беа Disney принцезите“.

(ГАЛЕРИЈА) Марија Палоска со нова колекција: „Инспирација ми беа Disney принцезите“.

Марија Палоска е млада, талентирана и креативна девојка која стана препознатлива по своето хоби – уникатните модни илустрации. Таа во претходно интервју за Hashtag.mk ни откри како започнала со цртање и кои познати ѕвезди од кај нас ги споделуваа нејзините креации на Инстаграм. 

Овој пат таа изненадува со нешто сосема поинакво, нови цртежи за кои инспирација ѝ биле Disney принцезите.

„На овие цртежи работев 3 недели ги одбрав класичните Disney принцези но со модерен изглед, целта ми беше секој фустан да ја раскажува соодветната приказна“, ни откри Марија. 

Во продолжение погледнете ја колекцијата #disneycollection. 


Другите илустрации на марија може да ги погледнете на: @m_illustrations23

Можеби ќе ве интересира: