(ГАЛЕРИЈА) Се одржа првото издание на фестивалот Skopje Unplugged
Во петокот на 17.05 се оддржа првото издание на акустичниот фестивал Skopje Unplugged. Фестивалот кој беше најавен и како afterwork sunset rooftop забава во целост ги исполни очекувањата уште со своето прво издание.
Публиката имаше можност да ужива со одличните Foolish Green и нивниот психоделичен поп/рок кои се покажаа како прав избор за отварање на фестивалот.
Потоа на сцената се појави Тони Зен, кој се претстави во едно ретко интересно акустично издание. Богата инструментална база за хип хоп артистот кој ја имаше честа да го испрати сонцето и да ги спои денот и ноќта.
Следуваа Ај кју кои ја приближија и залепија публиката до бината и ја кренаа атмосферата до точка на вриење. Публиката ги пееше најголемите хитови заедно со нив во „ѕвездено небо“, за потоа да следуваат едни од најспектакуларните бендови кои настапиле во Скопје, Noisettes .
Со својот настап покажаа дека се светска класа анимирајќи ја публиката со секој свој потег. Предводени од динамичната и нескротлива пејачка Shingai, со своите акробации на сцена и дури и во публика, ја направи ноќта за паметење. Сите во еден глас го пееа нивните најголеми хитови, а Noisettes беа воодушевени од целосниот прием напубликата и целата организација на фестивалот.
На крај, печат на ова несекојдневно уживање ставија милениците на домашната публика, Нокаут. Тие и те како добро се снаоѓаат во анплагд настапите и на најубав можен начин го затворија првото издание на фестивалот Skopje Unplugged .