„Гејма“ по цела ноќ, снима видеа за Јутјубт и да - има 90 години
Јапонката Хамако Мори на своите 90 години е официјално најстариот гејминг јутјубер на светот, што докажува и местото кое го заслужи во Гинисовата книга на рекорди.
Позната е како „баба гејмерка“ и на својот Јутјуб канал има 250.000 следбеници. Со играње на игри започнала уште пред 39 години, а својот канал, на кој објавува по четири видеа во месецот, го отворила во 2015 година.
Во нејзините видеа може да се видат многу работи, пишува Си-Ен-Ен, од распакување на конзоли и гаџети за гејмање, до демонстрација на сериозни гејмерски способности. Оваа баба ги прикажува и своите фаворити, а омилена игра и е култната Grand Theft Auto.
Кога ќе ги собере целото свое 90 - годишно животно искуство, најстарата гејминг јутјуберка на светот со задоволство истакнува дека играњето и снимањето видеа за Јутјуб и претставуваат вистинско уживање во животот.
„Понекогаш знам да се заиграм и да не застанам до 2 часот по полноќ. Особено кога играм Dauntless. Тоа е многу забавно, па не е фер да си играат само децата!“ - истакнуваа Хамако.