Генетиката е чудо: Преубавата ќерка на Моника Белучи во виолетов фустан го топи јануарскиот мраз (ФОТО)
Доколку се прашувавте како изгледа енциклопедиски пример за убавина, одоговорот е тука...
Ѕвездата во подем на меѓународните модни писти и насловни страници, Деца Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, повторно изненадува на Инстаграм со својот сензуален стил.
Иако е ќерка на познатата актерска двојка, манекенката нема обичај на социјалните мрежи да ги споделува оние најинтимните и наскриените детали од својот приватен живот.
Токму спротивното, нејзиниот Инстаграм профил е наменет за промоција на новините на деловно поле, па тоа е можност за сите да погледната дел од фотографиите зад камерите.
Дева сега ни дозволи да видиме на што ново работи, а сето тоа е забележано од објективот на фотографот Бастијан Бараде, а младата дама на себе имаше прекрасен виолетов фустан на „Долче и Габана“.
„Lay low“ - напиша Дева Касел под фотографијата од која нејзините 607.000 следбеници останаа воодушевени.
Не е изненадување што фустанот го потпишува сицилијанската двојка, бидејќи Дева со години е заштитно лице на брендот „Долче и Габана“, а за нив продефилира и во Венеција, за време на Филмскиот фестивал во 2021 година.
Оваа креација ја пренесе целата современост на иконската облека и ја истакна убавината на Дева, во сјајната нијанса на супертесна сатенска ткаенина. Фустанот го краси корсет со деколте во форма на срце, а акцентот е ставен на елеганцијата.
Зелениот кауч од плиш е совршен амбиент за виолетовиот фстан и на момент оваа зима стана потопла, во совршена хармонија со трендовите по кои „Very Peri“ е бојата на 2022 година, како што кажа познатиот Pantone.