Генијални трикови на Инстаграм: 6 кои се најкорисни, а сигурно не знаеш дека можеш да ги користиш
Доколку не ги користиш сега, по ова ќе започнеш...
Зошто да не ги искористите сите опции што Ви ги нуди Инстаграм? И онака поминуваме многу време на оваа социјална мрежа, а овие трикови се корисни на различни начини. Од објавување до комуникација со други, сето ова е можно да се направи на Инста, а за половина од нив сигурни сме дека воопшто не сте знаеле.
# Може да ги натерате другите корисници да не гледаат дека сте на онлајн или дека сте ја прочитале нивната порака
Дали има личност од која сакате да се скриете? Можно е да направите некој на Инстаграм да не гледа дека сте онлајн, ниту пак дека сте прочитана пораката што ти ја испратил. Опција што сигурно може многу добро ви дојде. Исто така е одлично што можете да направите да бидете невидливи за одредени луѓе, не за сите. Освен тоа што таа личност не ве гледа дали сте онлајн или дека сте ја прочитале пораката која ви ја испратила, никој друг нема да ги види коментарите што таа личност ви ги остава на објавите. Ова нема да го блокира тој корисник, само ќе го ограничи. Треба да го отворите на профилот на таа личност, да кликнете трите точки во горниот десен агол и да ја изберете опцијата „Restrict“.
# Избришете ги непријатните пребарувања во пребарувачот
Сите ги имаме. Без разлика дали ви е здодевно, па почнавте да демнете некој или сте ја провериле секоја девојка што ја „лајкнала“ објавата на вашата симпатија, никој не треба да знае што пребарувате во 2 часот наутро. Иако никој не може да види што баравте, вие никогаш не знаете кога може да се случи да барате нешто додека вие и некој друг гледате на екранот од вашата телефон. Затоа е најдобро да се исчисти пребарувачот. За да го направите ова, треба да отидете во „Поставки“, потоа „Безбедност“ и „Историја на пребарување“. Ќе ви се појави сè што имате пребарувано и можете или да ги избришете сите или само некои пребарувања.
# Ставете ги омилените Инстаграм филтри на почетокот
Има толку многу филтри на Инстаграм што можете да избирете кога ќе сакате да споделите објава, но секој има неколку омилени, оние што најчесто ќе ги користи кога на фотографијата и треба уште нешто за да биде што е можно подобра. Наместо да ги барате тие филтри секој пат, едноставно можете да ги распоредите сите по редоследот што го сакате, така што оние што често ги користите ги наместите на почетокот. Кога ставате објава на Инстаграм и кога работите со филтрите, само повлечете го филтерот напред или назад, и тој ќе остане таму.
# Организирајте ги зачуваните објави во папки за да ги направите попрегледни
Зачувувањето објави на Инстаграм не е лоша опција, така што секогаш можете да го најдете она што го сакате, и никој нема да ги види вашите зачувани објави освен вас. Проблемот се јавува кога од 3 зачувани објави ќе дојдеш на 333 зачувани објави. Кој може да се справи со тоа?! Затоа, направете повеќе папки и именувајте ги со оглед на тоа што содржат „Мемиња“, „Листи на желби“ или „Цитати“. Кога ќе го отворите вашиот профил, одете на трите цртички во горниот десен агол и отворете „Зачувано“. Овде ќе видите знак + кој кога ќе го кликнете, можете да ги изберете објавите што сакате да ги преместите во нова папка и во следниот чекор ќе можете да го именувате.
# Масовно отследување
Секогаш заследуваме некои нови профили на Инстаграм, а некои од нив стануваат бескорисни со текот на времето или едноставно сфаќаме дека се неактивни веќе некое време. Можете лесно да отследите повеќе профили одеднаш. Профилите што повеќе не ве интересираат, оние чии објави повеќе не ги сакате, чии приказни не ги гледате, со кои не комуницирате... Сите можете да ги најдете на едно место и лесно да ги отследите. Кога ќе отидете на вашиот профил и кликнете на „following“, веднаш ќе се отвори опцијата „Least Interacted With“ и ќе ги има сите профили со кои немате интеракција или кои се неактивни. Тука се сите профили со кои не сте имале интеракција во последните три месеци, и само треба да почнете да го притискате копчето за отследување. Не може да биде поедноставно.
# Зачувување на музиката што ја слушате на Reels
Кога гледате видеа на Reels и одеднаш ќе слушнете песна или звук што навистина ви се допаѓа, но не знаете како да ја најдете подоцна, нема проблем, дури не мора да ја барате подоцна, затоа што можете само да го зачувате овде. Кликнете на текстот каде што пишува кој е звукот, тој ќе се отвори и имате опција „Зачувај звук“ што ќе го зачува во папките каде што ти ги зачувува и објавите.
фото: Natee Meepian / Shutterstock