Ги има најубавите сини очи: Запознајте ги братот и родителите на Антониа Гиговска (ФОТО)
Антониа Гиговска е една од младите пејачки, која за кратко време си го обезбеди своето место помеѓу познатите музички имиња. Со своите емотивни изведби за време на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“, никој не оставаше рамнодушен и секоја нејзина изведба брои многу прегледи на Јутјуб, следствено на тоа, таа остварува огромен успех и со нејзините соло и дуетски песни кои бројат по неколку милиони прегледи и се регионално познати.
Антониа сподели фотка со Ламбе Алабаковски: Дали ова е најава за нова музичка соработка?
Но, за сето ова, покрај нејзиниот талент, заслужна е и поддршката од нејзиното семејство кое ја поддржува како приватно така и професионално.
Освен нејзините родители, можеби многумина и не знаат но Антониа има и неколку години постар од неа брат - Дарко, а се разбира овде е и нејзиното момче Иван Јованов.
Од она што имавме можност да го забележиме на Инстаграм, Дарко ги има најубавите сини очи, а Антониа пред некое време со гордост сподели дека го има најубавиот брат, но, признава дека малку е љубоморна што нема како неговите очи.
„Го мразам само малце дека му ги немам очите“ - се пошегува таа.
Дарко има супер стил, но ретко споделува фотографии на неговиот Инстаграм профил.
Веруваме дека многумина од вас, не знаат како изгледа семејството на младата пејачка, а во продолжение запознајте ги и нејзите родители, без кои таа немаше да биде она што е денес.
A што мислите си личат ли Антониa и Дарко?
фото: Принтскрин / Инстаграм