Ги имаат по целото тело, а ова се најдобрите: Најинтересните тетоважи на познатите
Знаете ли која позната актерка на телото го има истетовирано зборот „помфрит“, а кој супермодел има „мијау“ на внатрешната страна од усните?
Изгледа дека нашите омилени познати личности се тетовираат каде ќе стигнат. И додека некои внимателно ја одбираат тетоважа која трајно ќе им биде врежана на телото, други пак се одлучуваат за смешни и необични изрази или симболи. Во продолжение е листата од најдобрите, најубавите, најлудите и најинтересните тетоважи на познатите:
# Џастин Бибер
Целото тело на пејачот е прекриено со тетоважи, а минатата година го истетовира и лицето. Над веѓите одлучи со краснопис да го напише зборот „grace“, т.е. „милост“. Иако луѓето избегнуваат тетоважи на лицето, оваа на Џастин е многу едноставна и релативно незабележлива, а токму затоа ни е една од омилените.
# Деми Ловато
Пејачката има многу тетоважи на телото и секоја има посебно значење. Некои од омилените ни се зборот „survivor“ на вратот и едноставно напишаното „me“ на домалиот прст. Но, една од нејзините најубави тетоважи дефитивно е ангелот на грбот. Сите тие тетоважи го симболизираат нејзиното тешко патување и борбата со зависноста, а Деми ги истетовира како потсетник за сопствената сила.
# Кендал Џенер
Не секоја позната личност се одлучува за тетоважи со големи пораки како што има Деми, а тоа го докажува и необичната тетоважа на Кендал Џенер. Додека една вечер била под дејство на алкохол и заминала во салон за тетовирање. Таа се одлучила на внатрешната страна од долните усни да го напише првиот збор кој и текнал. Тоа бил зборот „meow“, а Кендал сега има вечер потсетник на таа ноќ, но и една многу „кул“ тетоважa.
# Ешли Бенсон
Познатата актерка која имавме можност да ја гледаме во хит серијата „Слатки мали лажговци“, својата тетоважа и ја посвети на својата омилена храна. Имено, неодамна на својата подлактица одлучи да напише „pommes frites“, истата тетоважа ја направила и нејзината најдобра пријателка. Ова е една од најоригиналните тетоважи на најдобри пријателки кои сме ги видиле, а токму затоа толку ни се допаѓа.
# Хајли Бибер
Титулата најубаво интетовирани раце дефинитивно ја однесе сопругата на Џастин. Освен прекрасните минијатурни декоративни симболи, на дланката исто така ја има истетовирано буквата Б, која го симболизира нејзиното моминско презиме, но и нејзиното ново презиме.
# Кајли Џенер и Тревис Скот
Кајли и нејзиното момче Тревис Скот се одлучија да направат идентични тетоважи на прославата на неговиот 28 роденден. Иако паровите обично ставаат тетоважи кои ја симболизираат нивната љубов, овој пар одлучи да се истетовира во спомен на ќеркичката Сторми.
# Џо Џонас и Софи Тарнер
Овој познат пар има повеќе заеднички тетоважи. Првата ја направија набрзо по веридбата, на глобовите го напишаа изразот „до бесконечноста и понатаму“, кој ја симболизира нивната љубов. Потоа, двајцата го истетовираа ликот на кучето Валд, кое загина трагично во сообраќајна несреќа.
# Ариана Гранде
За крај ги оставивме едноставните, но прекрасни пеперутки на раката на Ариана. Пејачката неодамна објави нова фотографија на која ја покажа тетоважата која изгледа прекрасно.