Ги излажала родителите за да не оди на училиште, па добила страшни вести: Вака дознала дека има дијабетес (ВИДЕО)

Ги излажала родителите за да не оди на училиште, па добила страшни вести: Вака дознала дека има дијабетес (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

ТикТокерката по име Мери со следбениците сподели приказна од детството за тоа како еден ден си го спасила животот лажејќи ги родителите дека не ѝ добро за да го избегне одговарањето на училиште.

„Ѝ кажав на мајка ми дека ме боли грлото и дека ми се потребни чаеви. Глумев за десетка и жената ништо не се посомнева. Отидовме на лекар, а мене во автомобилот навистина почна да ме боли грлото. Докторот на прегледот забележа дека нешто не е во ред“ - вели Мери.

Докторот тогаш на прегледот констатирал дека е преслаба за една 8-годишна девојка и решил да ѝ направи дополнителни тестови.

„Откако ги доби резултатите, докторот пребледе. Ми кажа дека шеќерот во крвта ми е на екстремно ниво и ме испрати веднаш во друга болница. Таму ми поставија дијагноза. На 8 години добив дијабетес“ - кажа Мери, која по овој настан со недели не одела на училиште, а нејзиното видео на ТикТок го имаат погледнато повеќе од 5 милиони луѓе.


„Дијабетесот најчесто се открива случајно и спонтано“, „Гледаш како Бог ти испратил порака, како и на твоето семејство, дека навистина треба да одиш во болница“ - се само некои од коментарите под видеото.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: