Ги напуштив студиите, бидејќи сум премногу убава: Инфлуенсерка заработува 2 милиони и не излегува од дома
Ракел Љоренте (23) планирала да стане инженер и се запишала на факултет, но во еден момент се откажала од студирањето, бидејќи, како што вели, проценила дека е „премногу убава за да се занимава со здодевна работа“, пишува „The Sun“.
Сега поминува осум часа дневно во шминкање, наместо да учи и како инфлуенсерка заработува повеќе од 2 милиони денари годишно.
Ракел открива дека отсекогаш била заинтересирана за шмикањето, но дека живеела по притисок да пронајде „работа од девет до пет“. Поради тоа одлучила да се запише на факултет и да стане инженер, но набрзо зажалила поради тој избор.
„Никогаш не сакав да одам на факултет“ - призна Ракел, а потоа додаде:
„Сите свои студентски кредити ги трошев на различни палети со козметика и поминува часови и часови во шминкање. Се сеќавам, требаше да завршам еден есеј за на факултет, а кога го погледнав часот, сфатив дека времето прелетало. Есеј изгледаше неуредно, но затоа јас изгледав прекрасно“.
Подоцна се осмелила да ја документира својата вештина, кога е шминкањето во прашање и видеото да го објави на Инстаграм, каде собрала 100.000 следбеници за една година. Воедно, имала нешто повеќе од 2,5 милиони лајкови на профилот кој го имала на ТикТок.
Присетувајќи се на почетоците на социјалните мрежи, откри дека имала само 9 следбеници, но дека не обрнувала внимание на тоа:
„Само се забавував и го правев она што инаку го сакам. Но, се чувствував толку добро кога се шминкав и толку си бев убава самата на себе, што сакав тоа да го споделам со другите“.
Пред само една година, Ракел одвојувала голем дел од својот буџет за декоративна козметика од популарни брендови. Денес менаџерите на тие брендови сакаат да соработуваат со неа.
„Инженерите се важни, но јас не сакам да градам кариера во работа која би ја мразела“ - искрена е Ракел.
Одлучила да ги напушти студиите и сега е фокусирана на кариерата како инфлуенсерка. Работи по 8 часа на ден и заработува околу 30.000 фунти годишно. Покрај тоа, Ракел бесплатно добива козметички производи вредни илјадници фунти.
Таа сподели совет до сите кои сакаат да изградат кариера на социјалните мрежи:
„Многу време поминувам одговарајќи на мејлови, снимајќи и монтирајќи. Гледано од страна, ова можеби изгледа како лесна работа, но кога ќе се фокусирате на градењето кариера на социјалните мрежи, работете на тоа „од девет до пет“. Работам напорно како што би работела и доколку дипломирав и се вработев како инженер. Секој кој сака да стане влијателен инфлуенсер мора да го работи тоа од љубов, а не затоа што сака лесен живот“.
фото: Принтскрин / Инстаграм