Ги открија тестовите за матура: Министерството за образование ја потврди веста!
Кабинетот на Министерството за образование потврди за српскиот портал pink.rs, дека прашањата за денешниот тест по математика се откриени. Поради тоа е одложено полагањето на тестот.
Ова го потврди и министерот Младен Шарчевиќ, истакнувајќи дека поради ова ќе има промени.
Вели дека Заводот за унапредување на квалитетот на образованието и Министерството за образование добро ја завршиле својата работа, туку дека проблемот бил на терен.
„Некој ја отворил резервната кеса со тестови и го продал тестот по математика. Не знаеме каде се случило тоа, но тоа ќе го утврди полицијата. Ќе има промени поради ова. Сите ќе мораат да и ги покажат на полицијата резервните кеси, па ќе утврдат каде се случило тоа“ - рече министерот за „Новости“.
Исто така тој вели дека ова ќе биде последна година кога постои овој ризик, а до следната година „се ќе биде дигитално“.